Цели и задачи

Од целокупното досегашно и натамошно работење на ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар произлегуваат следните задачи и цели:

- JЗУ Здравствен дом Демир Хисар постојано работи на подобрување на квалитетот на здравствената заштита, ги идентификува проблемите кои настануваат и презема мерки за нивно најбрзо отстранување.

- Ја подобрува ефикасноста со тоа што се залага за проширување на својата здравствена дејност и намалување просечната должина на болничкиот престој и зголемување на амбулантните активности, а со тоа намалување на трошоците и зголемување на продуктивноста.

- Основна цел за постоењето на здравствената установа е задоволство на корисниците на услугите, на потребите идентификувани од пациентите и самиот процес на здравствена заштита.

- Приоритет на менаџерот е и проширување на списокот на здравствени услуги, со цел излегување во пресрет на пациентите и нивните потреби.

- Скратување на времето на чекање за израборка на анализите потребни за дијагноза.

- Намалување на трошоците на пациентите за дијагностицирање и лекување на нивната болест или навремено упатување во соодветна болничка установа.

- Поголема конкурентност во областа на својата дејност при укажување на медицинска помош, и уште многу други кои постојано произлегуваат од континуираниот процес на работа.

- Тимска работа

- Етички кодекс на однесување.

- Континуирана едукација на вработените.