Организациска структура

Управниот Одбор на ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар во согласност со Законот, Колективниот договор за здравствена дејност и Статутот ја утврдува внатрешната организација на ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар, Систематизацијата на работните места според нивната природа, потребниот број на извршители условите за засновање на работниот однос и описот на работните задачи.

Организацијата на работата на ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар се заснова врз начелата на достапност, рационалност и континуираност на здравствената заштита како и врз современите достигнувања на медицинската и другите науки.

Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар е должен постојано да ја унапредува и усовршува организацијата на работата и работните задачи да ги ускладува со тековните и преспективните планови на ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар а со цел да се обезбеди непречено остварување на дејноста согласно Законот и Статутот на ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар.

За остварување на целите ЈЗУ Здравствен дом се организира со внатрешни организациони единици: единици, служби и отсеци.

Организациона шема