Здравствен Дом денес

Јавната здравствена установа Здравствен дом Демир Хисар денес е модерна установа со 56 вработени, одлични просторни услови за работа како и солидна техничка опременост. ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар е сместен на влезот во градот Демир Хисар на ул. Битолска бб во непосредна близина на основносто училиште Гоце Делчев и Средното општинско училиште Крсте Петков Мисирков. Здравствениот дом располага со 3 ката и тоа: сутерен, приземје и кат, со вкупна површина од 1980 м² корисен простор и уште толку зелена површина околу објектот.

Денес нашата постојана работа во нашиот здравствен дом е насочена кон континуирано подобрување на квалитетот на здравствените услуги, високо мотивирани вработени и задоволни пациенти. Постојаното подобрување на квалитетот на здравствените услуги се должи на задоволување на барањата на пациентите и надминување на незадоволените побарувања. За нас нивото на квалитет на здравствените услуги е излегување во пресрет на потребите на пациентите и пружење услуги кои ги задоволуваат нивните потреби без отстапување и одложување. Континуираното подобрување на системот на квалитет при пружaње на здравствените услуги, за нас значи напредок. Принципите со кои го контролираме квалитетот на нашите услуги се: посветеност на пациентите, вклученост на сите вработени во процесот на работа, постојано напредување, систематски пристап, заедничко носење одлуки и консултации.

За подобри перформанси нашите здравствени работници имаат јасно очекување од работата, знаења и вештини, задоволителна опрема, потрошен материјал, конструктивен фидбек и споделување на претпоставеноста. Високо мотивираниот лекарски персонал ги надминува пречките кои се појавуваат во текот на работниот процес благодарение на самодовербата и самоефикасноста што ни дава за право да бидеме успешни во нашата работа. Тимската работа, синергијата и организациските промени се наша предност, ни помагаат при прилагодувањето на здравствениот процес према променливата надворешна средина.

Континуираното подобрување е подобро од задоцнето совршенство – Марк Твен.