Добредојдовте на страницата на ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар

ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар постои од 1983 година. Во склоп на домот има:

  • Интерна медицина
  • Радиологија
  • Дерматовенерологија
  • Биохемиска лабораторија
  • Служба за итна медицинска помош со домашно лекување
  • Детска и превентивна стоматологија
  • Систематски прегледи и вакцини
  • Депо на лекови
  • Патронажна служба 

ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека во периодот од  11.06.2024 година ќе се изведуваат градежни активности на локацијата ул. „Битолска“ бб Демир Хисар за реализација на проектот Реконструкција ЈЗУ Здравствен дом  Демир Хисар. Градежните работи ги изведува фирмата„Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје, а инвеститор е Министерство за финансии. Овој проект се реализира со средства од  Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, преку Проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија и ПСЕЕП проектот со цел подобрување на квалитетот на животот на локалното население. Во периодот на изведување на градежните активности и понатаму ќе бидат овозможени здравствените услуги кон сите пациенти. Притоа, ве известуваме дека поради градежни зафати ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар  ќе го организира своето работење на следниот начин:

  • Службите во ЈЗУ Здравствен дом ќе функционираат непречено и по потреба ќе се пренасочи во други ординации во склоп на домот.
  • За секоја промена во функционирањето на одредени оддели пациентите и вработените ќе бидат навремено известени.

Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од ваша страна за потребите на брзо и навремено спроведување на работите. Особено внимание обратете при движењето околу објектот, како и внатре во објектот на здравствениот дом.

За дополнителни информации / прашања, Ве молиме да се обратите кај Елена Костевска 078212076  од ЈЗУЗдравствен дом Демир Хисар. 

За сите поплаки и пофалби во врска со проектните активности може да го користите сандачето за поплаки и пофалби поставено во објектот на ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар.

Ви  благодариме за разбирањето.

Со Почит,

            ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ ДЕМИР ХИСАР

Радиодијагностика

Радиодијагностика при ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар располага со следните РТГ апарати:

  • Панорама на заби – VATECH PAXI-PLUS
  • РТГ на заби – SIMACO Mokita
  • РТГ – SHIMADZU PH20

Одговорен доктор:

Спец. Др. Маргарета С. Калевска – Специјалист по радиодијагностика

Дерматовенерологија

Дерматовенеролошката амбуланта при ЈЗУ Здравствен дом.

Одговорен доктор:

Спец. Др. Соња Талевска – Специјалист дерматовенеролог

Интерна медицина

Интерна медицина при ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар располага со следните медицински апарати:

  • ЕХО – SIUI Apogee 2100
  • ЕКГ – GE Medical MAC600

Одговорен доктор:

Спец. Др. Ѓорѓи Бојаџиев – Специјалист по интерна медицина

Служба за итна медицинска помош и домашно лекување

Доктори:

  • Др. Мартин Мицевски
  • Др. Мартин Крстевски
  • Др. Љупка Фидановска
  • Др. Кристина Милошевска
  • Др. Маја Кочовска
  • Др. Димитар Рутевски

Завршни сметки

Доколку имате прашања?

Контактирајте не на следните броеви и емаил.

+389 47 276 144

194 / 112

zdravstvendom_dh@yahoo.com

Битолска бб, Демир Хисар